СÈ ЗА ВЕБ-СТРАНА

ОСНОВИ НА ВЕБ-САЈТ И ВЕБ СТРАНА

ШТО Е ВЕБ-САЈТ А ШТО ВЕБ-СТРАНА

Размислувате за веб-сајт (веб-страна) за вашиот бизнис, но се соочувате со премногу технички поими кои знаат да бидат збунувачки:„ веб-страна, домен, хостинг, SEO-оптимизација, URL-линкови...“ ? Дозволете ни да ви ги објасниме основите на секој веб-сајт, како тој функционира и кои се придобивките што ви ги нуди платформата на Вебстриан.

ВЕБ-САЈТ ИЛИ ВЕБ СТРАНА

КОЈА Е РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ ВЕБ-СТРАНА И ВЕБ-САЈТ?

Веб-сајтот е збир од една или повеќе веб-страни поставени на интернет. Или поинаку кажано, веб-сајтот е колекција од јавно достапни, меѓусебно поврзани веб-страници, поставени на заеднички домен.

Веб-страна (или веб-страница) е една страница од веб-сајтот. До веб-страните се пристапува преку веб-прелистувачи како што се: Chrome, Firefox, Edge, Opera итн. Секоја веб-страна има содржина која е комбинација од текстови, слики, аудио, видео и линкови. Пример за најчести веб-страници кај корпоративните сајтови се: Почетна, Услуги /Производи, За Компанијата, Контакт итн.

Во разговорниот јазик овие два поими често се мешаат, односно поимите веб-страна или веб-страница се користат како замена за поимот веб-сајт. Технички разликата е во тоа што под веб-сајт се подразбира множество од веб-страни, додека веб-страна е само дел, поточно една страница од веб-сајтот.

ШТО Е URl АДРЕСА

URL АДРЕСА НА ЕДНА ВЕБ СТРАНИЦА

URL адреса е адресата на интернет на која се наоѓа одредена веб-страна, слика, видео или било кој ресурс до кој може да се пристапи онлајн.

Пример за URL e следниот:

https://www.webstrian.mk/blog-statii/

  • https:// - е кратенка за протоколот со кој се пристапува на веб-серверот
  • www – традиционален акроним, префикс, за веб-адреса
  • webstrian.mk - името на доменот, каде што кратенката “.mk” го претставува меѓународниот код за домени за нашата државата
  • blog-statii – е патеката на страницата (ресурсот) во рамките на веб-сајтот

ШТО СЕ ПРЕБАРУВАЧИ

ПРЕБАРУВАЧИ ИЛИ SEARCH ENGINES

На интернет има милиони веб-страници со најразлична содржина. Со цел лесно и брзо да може да се стигне до содржина која не интересира, потребно е веб-страниците да се индексираат, процес каде содржината на веб-страницата се обработува и се поврзува со индекс од клучни зборови.

Кога сакате да пребарате нешто на одредена тема потребно е да внесете клучен збор во полето за пребарување на достапните пребарувачи (Search Engines), по што ќе ви бидат дадени веб-сајтови кои се поврзани со клучните зборови по кои пребарувате. Најпознат пребарувач во светот е Гугл.

ВЕБ СТРАНА СО ВЕБСТРИАН

ПРИДОБИВКИТЕ НА ВЕБСТРИАН

Важно е да знаете дека Вебстриан како платформа ви нуди креирање на неограничен број на веб-страни на вашиот веб-сајт, како и неограничен сообраќај, без разлика на пакетот кој ќе го одберете. Дополнително, секоја веб-страна може да биде преведена на повеќе јазици.

Со Вебстриан при дизајнот на веб-страната вие добивате оптимизиран дизајн кој ќе овозможи автоматско приспособување на вашата веб-страна на различни големини на екранот, а нашиот тим на искусни UX/UI дизајнери ќе се погрижат за корисничкото искуство на вашиот веб-сајт.

НАПРАВЕТЕ ЧЕКОР НАПРЕД СО ВЕБСТРИАН! ДОЗВОЛЕТЕ НИ ДА ГО КРЕИРАМЕ И ОПТИМИЗИРАМЕ ВАШЕТО ИНТЕРНЕТ ПРИСУСТВО.

КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ