ЗА ВИСОКО РАНГИРАНА ВЕБ-СТРАНА ВО ИНТЕРНЕТ ПРЕБАРУВАЧИТЕ
SEO е акроним од Search Engine Optimization или на македонски – оптимизација за пребарувачи. SEO-то во основа значи добра препознатливост на веб-сајтот на одредени клучни зборови. Односно дека на одредени клучни зборови, веб сајтот ќе има висок рејтинг во приказот на резултатите од пребарувањето.
Под поимот SEO-оптимизација се подразбира организирање на содржините во веб-страниците со цел тие да бидат полесно разбирливи за пребарувачите. За да излегува еден сајт на првата страница во резултатите од пребарувачите потребно е да има добро SEO.
Вебстриан е паметна платформа изградена по сите SEO-правила за оптимизација: од оптимизирање на кодот, преку напредно HTML-форматирање, па сѐ до читливи URL-линкови и мета-описи. Тоа значи дека вашиот веб-сајт ќе ги има сите предуслови да биде високо позициониран во листата резултати на пребарувачите како Гугл.
ЗОШТО Е ВАЖНА ЗА ВАШАТА ВЕБ СТРАНА?
Колку пати вие сте пребарале некој производ или услуга онлајн? Истражувањата покажуваат дека 73% од вашите купувачи и клиенти пребаруваат онлајн. Затоа SEO оптимизацијата е важна бидејќи со добро SEO вашата веб страна ќе биде меѓу првите резултати на интернет пребарувачите како Google, Bing и сл. Со подобро позиционирање на вашата веб страна се зголемува квантитетот и квалитетот на сообраќајот на и се зголемува присуството на вашиот бренд пред online публиката.
Ние сме тука и за да го креираме и оптимизираме целото ваше интернет-присуство, со креирање релевантна содржина, мета-описи и мета-клучни зборови за да му помогнеме на Гугл да го „листа“ вашиот веб-сајт уште на првата страна.
ЗА ДА БИДЕТЕ ПРЕД ВАШАТА КОНКУРЕНЦИЈА
SEO рангирањето на еден сајт зависи од повеќе фактори. Овие фактори, со тек на времето, можат да претрпат измени и со тоа можат помалку или повеќе да влијаат на рангирањето на веб-сајтовите.
Поради тоа треба постојано да се пратат трендовите кај SEO-то и препораките од интернет пребарувачите со цел да се задржи и подобри рангирањето на веб-сајтот.
Во моментов, најбитните фактори од кои зависи рангирањето на еден веб-сајт се следниве: високо квалитетни содржини, содржини кои одговараат на намерата на пребарување, клучни зборови во веб-сајтот, корисничкото искуство на веб-сајтот, повратни линкови (Backlinks), брзината на отварање на веб-страниците, мобилна верзија од веб-сајтот, авторитет на доменот (Domain Authority), структура на веб-сајтот, безбедност на веб-сајтот (HTTPS) и сигнали од социјалните мрежи
ЗА ВИСОКО РАНГИРАНА ВЕБ СТРАНА
За добро SEO на еден веб-сајт, потребна е постојана работа. Има голем број на варијабли кои влијаат на SEO, како алгоритамите на пребарувачите, трендовите во интернет маркетингот, промените во корисничките навики и многу други. Сите овие елементи можат да влијаат врз рангирањето на веб-страниците во резултатите од пребарувачите. Кога станува збор за SEO оптимизација, конкуренцијата игра голема улога.
За да се постигне долготраен успех на SEO оптимизацијата, важно е да се следат најдобрите практики, да се има континуирана оптимизација и ажурирање на веб-страниците, како и да се гради квалитетна и релевантна содржина.
За да се видат првичните резултати од SEO оптимизацијата, под услов дека е направена квалитетна SEO оптимизацијата, потребно е да поминат помеѓу 6 и 7 месеци од изработката на веб-страната.
ЗА ДОБРА SEO ОПТИМИЗАЦИЈА
Вебстриан е паметна платформа изградена по сите SEO-правила за оптимизација: од оптимизирање на кодот, преку напредно HTML-форматирање, па сѐ до читливи URL-линкови и мета-описи. Тоа значи дека вашиот веб-сајт ќе ги има сите предуслови да биде високо позициониран во листата резултати на пребарувачите како Гугл.Поради тоа треба постојано да се пратат трендовите кај SEO-то и препораките од интернет пребарувачите со цел да се задржи и подобри рангирањето на веб-сајтот.
Вебстриан ви дава можност сами да ja зголемите оптимизацијата за интернет-пребарувачите (SEO) на вашата веб-страна со додавање мета-клучни зборови на секоја страница, приспособени на содржината на вашиот веб-сајт. Со Вебстриан при дизајнот на веб-страната вие добивате оптимизиран дизајн кој ќе овозможи автоматско приспособување на вашата веб-страна на различни големини на екранот, а нашиот тим на искусни UX/UI дизајнери ќе се погрижат за корисничкото искуство на вашиот веб-сајт.