ИМЕ НА ВАШАТА ВЕБ СТРАНА
Домен е веб-локација, односно адреса на веб-сајтот, преку која се пристапува на веб-страниците од веб-сајтот. Домените се купуваат преку домен-регистри и вообичаено се обновуваат на годишно ниво.
Пример за домен: https://www.webstrian.mk
ДОПОЛНИТЕЛНО ИМЕ ПРЕФИКС НА ДОМЕН
Поддомен е дополнително име, префикс, кој се додава на името на доменот, на пример arhiva.mojdomen.mk, blog.mojdomen.mk, prodavnica.mojdomen.mk итн.
Најчестата намената на поддомените е на нив да се постави веб-сајт со специфична намена, како дополнителен дел/дополнување на веб-сајтот кој е поставен на главниот домен.
ПРОСТОРОТ НА ВАШАТА ВЕБ СТРАНА
По изработката на веб-сајтот потребно е истиот да се постави на интернет. Тоа се прави преку хостирање, односно закупување простор на одреден сервер за таа намена.
Компјутерите на кои се поставува веб-сајтот за да биде достапен на интернет се викаат веб-сервери.
Важно е да знаете дека хостингот најчесто е услуга која се плаќа на годишно ниво. Со платформата на Вебстриан оваа услуга е вклучена во техничкото одржување на веб-сајтот, каде што освен хостирањето имате и одржување на софтверот, базите и серверите каде е поставен вашиот веб-сајт.
БРЗИНА НА ОТВАРАЊЕ НА ВЕБ-СТРАНИЦИТЕ
Со Вебстриан ние ја хостираме вашата веб-страна на квалитетен хостинг провајдер, кој нуди брза и стабилна мрежна инфраструктура која има значаен ефект врз брзината на вчитување на веб-страните.
Вебстриан ви нуди хостинг, распореден на целата наша инфраструктура од сервери. Ова значи дека вашата веб-страница нема да биде хостирана само на еден сервер, туку на заштитена мрежа од интерконектирани сервери. Ваквата поставеност ќе ви овозможи стабилен, сигурен и моќен хостинг, кој ќе му донесе на вашиот веб-сајт навистина брз веб-перформанс, а на вашите посетители ќе им понуди одлично корисничко искуство.
ЈА ПРАВИМЕ ЕДНАШ ЈА КОРИСТИТЕ ЗАСЕКОГАШ
Вебстриан е cloud-решение со кое постојано ќе добивате бесплатни технички надградби, па вашата веб-страна секогаш ќе работи беспрекорно, дури и по 10 години.
Многу компании препродаваат готови веб-решенија кои самите не ги изработиле, па не може ни да ви гарантираат за квалитетот. Вебстриан се развива и надградува постојано и тоа од професионалци со над 20 години искуство. Со нас може да бидете сигурни дека инвестирате во професионална веб-страна, изработена по мерка на вашиот бизнис.
Тимот креативци се грижи секој дизајн да биде посебен - и како визуелен елемент, но и како функционално решение. Вашата нова веб-страна ќе има јасна структура, лесна навигација и динамичен дизајн кој ќе изгледа одлично на секој екран.
НАД 200 КОМПАНИИ ВЕЌЕ НИ ЈА ДАДОА СВОЈАТА ДОВЕРБА!
Нарачајте ја и вие вашата нова веб-страна и откријте ја моќта на Вебстриан!